Дописници МКДОпштински вести

Санација и реконструкција на училиштето „Хајан Селмани“ во Ростуше

Во најголемата деветолетка во училиштето „Хајан Селмани“ во Ростуше се реализираат повеќе зафати во насока на подобрување на условите за учениците во оваа образовна институција.

Ростуше,19 мај 2020 (МИА) – Во најголемата деветолетка, во училиштето „Хајан Селмани“ во Ростуше, се реализираат повеќе зафати во насока на подобрување на условите за учениците во оваа образовна институција.

Во моментот во тек е санација и реконструкција на фасадата на училишната зграда, зафат што како што истакна директорот на училиштето, Адем Сулејманоски се презема по цели четири децении.

-Санацијата и реконструкцијата на фасадата на училишната зграда ја реализираме благодарение на донација на наш Реканец, кој не замоли да остане анонимен. Училишната зграда изградена е во далечната 1923 година како административна зграда за потребите на тогашната општина Ростуше, срез Галички, во неокласицизам и е подарок од Кралството Југославија, изјави за МИА директорот Сулејмани.

Тој додава дека деновиве завршило комплетното реновирање на училишните тоалети, благодарение на донацијата на компанијата „Техно блок“ од Скудриње, со залагање на нивната поранешна ученичка Семина Черкези.

– Целта на проектот беше подобрување на условите за учениците и персоналот. Сменета е водоводната инсталација, а вградени се нови плочки и санитарија, како и сите други потребни средства. Гледавме да биде тоа на едно повисоко ниво, кое учениците го заслужуваат, затоа и се запазени сите стандарди на висок квалитет и хигиена, ни рече во телефонскиот разговор Семина, чиј класен раководител бил токму Сулејманоски, инаку наш познат ликовен уметник.

Во деветолетката „Хајан Селмани“,заедно со подрачните училишта, настава следат 210 ученици а само во училиштето во Ростуше 95 ученици.вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close