БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Самоопределување: Фокусирани сме на борба против епидемијата, нема да номинираме премиер

Партијата Движење Самоопределување (ВВ) на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти му порача на претседателот на државата Хашим Тачи да размислува за датумот на идните парламентарни избори, наместо да бара имиња на кандидати за нов претседател на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 28 март 2020 (МИА) – Партијата Движење Самоопределување (ВВ) на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти му порача на претседателот на државата Хашим Тачи да размислува за датумот на идните парламентарни избори, наместо да бара имиња на кандидати за нов претседател на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Службата за односи со јавност на владејачката партија изјави за „Газета експрес“ дека штом заврши кризата со пандемијата на вирусот Ковид-19, „Косово треба да влезе во уставните рокови и да прогласи нови избори“. Поради тоа, порачува ВВ, нема намера да номинира кандидат за премиер, откако во средата Собранието на Косово му изгласа недоверба на кабинетот на Курти.

– Засега сите заедно со Владата сме фокусирани околу пандемијата на коронавирусот. Штом ја поминеме оваа пандемија веднаш треба да одиме на нови избори. Затоа, претседателот Тачи нема што да бара имиња за нов премиер, туку нека размислува околу датумот на новите избори, штом се заврши ургентното прашање на Ковид-19, изјавија од ВВ за приштинскиот портал.

Претседателот Тачи вчера изјави дека од идниот понеделник, 30 март, ќе започне разговори со партиите за формирање на, како што рече, „нова влада на стабилност, единство и сеопфатност“.

Владата на Албин Курти беше урната со гласовите на две третини од пратениците во косовското Собрание, откако галсање за недоверба иницира досегашниот коалиционен партнер на ВВ, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Преговорите за коалиција меѓу ВВ и ЛДК, по вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година, траеја три месеци, додека нивното заедничко владеење сé на сé 50 дена. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close