0_Спорт.ПорталФудбал

Само Реал и Барселона не најавија повлекување од Супер лигата

Само два клуба од 12 учесници во Супер лигата сè уште не го напуштиле проектот за создавање нов турнир.

Мадрид, 21 април 2021 (МИА) – Само два клуба од 12 учесници во Супер лигата сè уште не го напуштиле проектот за создавање нов турнир.

Шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона не објавија повлекување од Супер лигата.

Вчера Манчестер сити, Челзи, Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем најавија повлекување од турнирот.

Во текот на денешниот ден по ова прашање се изјаснија Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус.

Супер лигата официјално беше најавена на 19 април, а својот крај го доживеја по само два дена. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close