БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Сакеларопулу: Напредок и просперитет на Грците е заедничката цел

Сакам да верувам, сигурна сум дека сите ќе продолжиме со истата одговорност и расположение за соработка, бидејќи целта е заедничка: напредок и просперитет на Грците и одржување на општествената кохезија, рече претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на средбата со лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас. 

Атина, 22 мај 2020 (МИА) – Сакам да верувам, сигурна сум дека сите ќе продолжиме со истата одговорност и расположение за соработка, бидејќи целта е заедничка: напредок и просперитет на Грците и одржување на општествената кохезија, рече претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на средбата со лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас.
Во претседателската палата, Сакеларопулу и Ципрас по првпат имаа можност да разговараат, а дискусијата беше околу пандемијата и економските последици, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката петседателка изрази надеж дека по три месеци, ситуацијата во земјата почнува да се нормализира.
-Ќе треба да се изнајдат начини за, освен економијата, туризмот и сите очигледни големини, да се зајакнат и ранливите групи, за да можеме да имаме колку е можно помалку загуби и жртвувања во оваа фаза и да можеме, како што рековте и Вие, да ја надминеме кризата на најдобар можен начин за општеството во целина, истакна претседателката на Грција и воедно му рече на Ципрас дека и опозициската партија од своја страна придонела во најдоброто можно справување со кризата.
Лидерот на СИРИЗА рече дека земјата се наоѓа пред тешки услови и оцени дека ќе бидат тешки последиците врз економијата, работните и социјалните односи, врз индивидуалните слободи како и врз функционирањето на институциите.
-Во економијата, мојата проценка е дека се наоѓаме во опасност, бидејќи рецесијата ќе биде длабока. Мерките за заштита на вработените и бизнисите, според нашата проценка се и недоволни и задоцнети. Во работните односи се плашам дека се наоѓаме пред опасноста некои вонредни околности да станат постојани, рече Ципрас и како пример ги спомена работењето помалку денови во седмицата, намалувањето на платите, воведувањето работа на далечина и сл. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close