0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Саинс: Нема да бидам втор пилот во Ферари, немам таков услов во договорот

Пилотот на Мекларен, Карлос Саинц, кој ќе вози за Ферари од 2021 година, изјави дека нема да му го отстапи лидерството во италијанскиот тим на Шарл Леклер.

Лондон, 3 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Карлос Саинс, кој ќе вози за Ферари од 2021 година, изјави дека нема да му го отстапи лидерството во италијанскиот тим на Шарл Леклер.

– Јас нема да бидам втор пилот на Ферари. Нема такво нешто напишано во мојот договор. Единствено е што интересите на тимот се поголеми од интересите на возачите. Во секој случај, знам дека ќе дадам се од себе за Ферари и ќе се борам за победа. Ако се појави тешка ситуација, ќе донесам вистинска одлука, порачува Саинс.

Оваа сезона шампионатот во Формула 1 ќе почне на 5 јули со трка во Австрија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close