Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Саемска промоција на три книги од инфектологот Вело Марковски

Издавачката куќа „Бата прес“ и Вело Марковски, специјалист инфектолог, познат во меѓународни рамки по своите согледувања и препораки за коронавирусот, денеска во 18 часот на Саемот на книгата ќе промовираат три книги: „И животот е сексуално пренослив: сексуално преносливи заболувања“ (учебник за студенти на медицина), книгата раскази „Приказните на татко ми“ и поетската книга „Песни и писма од малата куќа“.

Скопје, 13 септември 2020 (МИА) – Издавачката куќа „Бата прес“ и Вело Марковски, специјалист инфектолог, познат во меѓународни рамки по своите согледувања и препораки за коронавирусот, денеска во 18 часот на Саемот на книгата ќе промовираат три книги: „И животот е сексуално пренослив: сексуално преносливи заболувања“ (учебник за студенти на медицина), книгата раскази „Приказните на татко ми“ и поетската книга „Песни и писма од малата куќа“.

Во предговорот на стручната книга „И животот е сексуално пренослив: сексуално преносливи заболувања“ д-р Вело Марковски нагласува дека „ставањето на повеќе сексуално преносливи заболувања на едно место ќе помогне да се има единствен пристап кон болестите кои досега се лекуваа/т во повеќе гранки на медицината како што се: инфектологија, дерматовенерологија, гинекологија, урологија…“

Како што соопшти „Бата прес“, покрај порано објавените раскази, направени според кажувањата на татко му Павле, овој пат Марковски промовира и длабоко емотивна, поетска книга, пишувана „во соба полна со влага и на минус неколку степени во собата“ на „белите места од судокуто кое го имав крај себе“.

-Книгата содржи дваесеттина песни, писма и илустрации. Тогаш, во такви тешки, безмилосни и бесмислени услови се зарекол дека ќе пишува, ќе истражува и ќе им даде живот на неговите сознанија и претпоставки од инфектологијата, наведуваат од „Бата прес“.

Д-р Вело Марковски е роден 1958 година во Папрадиште, Велешко. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, од 1999 до 2002 година бил директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а сега е професор на Факултетот за медицински науки во Штип. Има објавено над 80 научни трудови во домашни и меѓународни списанија, учебни помагала и три стручни книги. мд/дма/

Back to top button
Close
Close