ЕвропаЕвропа.Портал

Садик Кан: Нема да дозволиме терористи да го уништат нашиот начин на живот

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан се огласи во врска со терористичкиот напад извршен денеска во британскиот главен град, при што се избодени неколку луѓе од страна на непознат маж, кој потоа е убиен од полицијата.

Лондон, 2 февруари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан се огласи во врска со терористичкиот напад извршен денеска во британскиот главен град, при што се избодени неколку луѓе од страна на непознат маж, кој потоа е убиен од полицијата.

– Напаѓачот е убиен од страна на полицијата во Стритхем по инцидентот, кој се третира како терористички. Се претпоставува дека неколку луѓе се избодени, нагласи Кан.

Тој истакна дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт и изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

– Терористите сакаат да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот. Овде, во Лондон тоа нема да им го дозволиме, заклучи лондонскиот градоначалник. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close