Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД воведуваат визни рестрикции поради Хонг Конг

Визни ограничувања најавија САД денеска за сегашните и поранешни функционери на Комунистичката партија на Кина (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводно поткопување на високиот степен на автономија или човекови права на Хонг Конг“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) –  Визни ограничувања најавија САД денеска за сегашните и поранешни функционери на Комунистичката партија на Кина (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводно поткопување на високиот степен на автономија или човекови права на Хонг Конг“, соопшти Стејт департментот.

Автономијата на Хонг Конг е загарантирана со кинеско-британската заедничка декларација од 1984 г.

Одредбата може да се примени и за членовите на семејство на оние кои се обвинети за кршење на основните слободи во Хонг Конг кои вршеле притисок врз локалните власти да уапсат про-демократски активисти и да ги дисквалификуваат кандидатите за демократски избори.

Во соопштението се вели дека КПК „ги засилила напорите да го собори високиот степен на автономија на Хонг Конг“, да ја „надгледува“ администрацијата на Хонг Конг произволно воведувајќи закон за национална безбедност на таа автономна област. зш/

Back to top button
Close
Close