
Вашингтон, 20 мај 2020 (МИА) – САД денеска му воведоа санкции на иранскиот министер за внатрешни работи Абдолреза Рахмани Фазли, обвинувајќи го дека имал улога во „сериозна злоупотреба на човекови права, вклучувајќи и издавање на наредби кои довеле до насилство врз мирни демонстранти“.
Ова денеска го соопшти американското Министерство за финансии и додаде дека Фазли издал наредба на припадници на органите за ред (ЛЕФ) да употребат смртоносна сила како одговор на протестите во ноември, што довело до страдање на демонстранти, меѓу кои и 23 малолетници.
Министерството на црниот список стави и седум високи функционери на ЛЕФ и провинцискиот командант на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ). јт/