Дописници СветСветСвет.ПорталСвет.Слајдер

САД ветија помош од 100 милиони долари за земјите зафатени од коронавирус

САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од коронавирусот, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Вашингтон, 7 февруари 2020 (МИА) САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од коронавирусот, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

-Оваа обврска, покрај стотиците милиони долари широкограда помош донирана од американскиот приватен сектор, го демонстрира силното лидерство на САД во одговор на епидемијата, истакнува Помпео во изјавата.

Додаде дека владиниот ангажман за ова ќе се реализира преку постоечките фондови „како диектно така и преку армиските организации“.

Претходно, и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се обврза да донира 100 милиони долари во исражувања за вакцина и лечење на коронавирусот.

Со оваа сума се намирува дел од 675 милиони долари што Светската здравствена организација ги бара од земјите за борба со болеста и спречување на нејзино ширење.

Според најновите информации од вирусот што се појави во Кина, сличен е на болеста САРС, досега починале најмалку 638 лица, додека повеќе од 31 илјада се заразени. Најголeм дел од заразените се во Кина.

Коронавирус е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС (кратенка од „остар акутен респираторен синдром“) од кој во 2003 година беа заразени околу 8 илјади лица, а 774 починаа. кб/

Back to top button
Close
Close