Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД успешно тестираа далечинско лансирање на нуклеарна ракета со команда од воздух

Военото воздухопловство на САД денеска соопшти дека успешно тестираше балистичка интерконтинентална ракета (ИЦМБ) „Минитмен три“,со далечинска команда од авион во воздух. Ракетата може да носи три нуклеарни боеви глави

Вашингтон, 4 август 2020 (МИА) – Военото воздухопловство на САД денеска соопшти дека успешно тестираше балистичка интерконтинентална ракета (ИЦМБ) „Минитмен три“,со далечинска команда од авион во воздух. Ракетата може да носи три нуклеарни боеви глави.

Невооружената ракета беше лансирана од воздухопловната база Банденберг во Калифорнија и прелета 6.760 километри на Пацификот и падна во море во близина на Малшарските Острови.

– „Минитмен три“ има 50 години и продолжувањето на нејзиното тестирање е важно за да обезбедиме нејзина еефикасност до 2030 година, кога ќе биде заменета со нова ракета ГБСД (Ground Base Strategic Deterrent), соопшти американското воено воздухопловство.

„Минитмен три“ од 2005 година е единствен преостанат тип на нуклеарна ракета земја – воздух во американскиот нуклеарен арсенал, која е инсталирана во подземни силоси во три воени бази: Во Вајоминг, во Јужна Дакота и во Монтана.

Нуклеарните ракети „Трајдент“ наменети за гаѓање цели на земја, инсталирани се на подморниците, а третиот и последен вид нуклеарно оружје на САД се бомбите кои ги носат стратешките авиони – бомбардери. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close