Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД тврдат дека нови снимки докажуваат оти Северна Кореја продолжува да произведува нуклеарно оружје

На нови сателитски снимки забележана е неодамнешна активност во непријавена фабрика во Северна Кореја, за која истражувачите се сомневаат дека се користи за правење нуклеарни боеви глави.

Вашингтон, 9 јули 2020 (МИА) – На нови сателитски снимки забележана е неодамнешна активност во непријавена фабрика во Северна Кореја, за која истражувачите се сомневаат дека се користи за правење нуклеарни боеви глави.

Снимката на компанијата Планет Лабс ја анализирале експерти од Институтот за меѓународни студии во Мидлбери, кои веруваат дека објектот лоциран во селото Воло-ри недалеку од Пјонгјанг е поврзан со нуклеарната програма на Северна Кореја и сè уште е активен, пренесува Си-Ен-Ен.

– Објектот ги има сите обележја на севернокорејска нуклеарна централа, како што се мерки за безбедност, сместувачките капацитети, спомениците на необјавени посети на лидери и подземни објекти. Покрај тоа, се наоѓа веднаш до фабрика за флаширана вода која нема ниту една од овие карактеристики, изјави Џефри Луис, професор на Институтот во Мидлбери, кој подготвува извештај.

Тој додава дека фабриката е многу активна и дека не ја забавила својата работа дури и за време на нуклеарните преговори, кои во моментов се во застој.

– Тие сè уште произведуваат нуклеарно оружје, истакна Луис. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close