Дописници СветСветСвет.Портал

САД со дополнителни 162 милиони долари меѓународна помош во борба со пандемијата

САД денеска издвоија дополнителни 162 милиони долари во одговор на Ковид-19, „и со тоа покажуваат дека го водат глобалниот удар врз пандемијата, со повеќе децениско лидерство во животно важната здравствена и хуманитарна помош“.

Вашингтон, 20 мај 2020 (МИА) – САД денеска издвоија дополнителни 162 милиони долари во одговор на Ковид-19, „и со тоа покажуваат дека го водат глобалниот удар врз пандемијата, со повеќе децениско лидерство во животно важната здравствена и хуманитарна помош“.

Како што се истакнува во денешното соопштение на Стејт департментот, со последните издвоени средства, САД од почетокот на кризата досега донирале вкупно една милијарда долари во одговор на Ковид-19.

-Средствата ќе бидат искористени како дел од ветувањето на претседателот Доналд Трамп за белодробни апарати за вентилација за нашите сојузници во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка, се вели во соопштението.

Првата пратка на апарати за вентилација беше обезбедена од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Јужна Африка на 11 мај, и дополнително ќе бидат испорачани вакви машини и до другите партнери и сојузници.

Иако САД водат битка со вирусот дома, американските приватни бизниси, НВО, фондации, религиозни групи и физички лица досега издвоиле донации во износ од вкупно 4.3 милијарди долари во борба со пандемијата на глобално ниво, покрај помошта што ја дава Владата, истакнаа денеска од Стејт департментот. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close