СветСвет.Портал

САД: Семејствата на починатите работници ја тужат фабриката за преработка на месо

Семејствата на тројца починати работници во фабриката за преработка на месо во американската сојузна држава Ајова, кои починаа од Ковиод-19 ја тужат „Тајсон фудс“ и членови на нејзиното раководство, наведувајќи оти компанијата ги ризикувала животите на работниците иако знаеле дека станала жариште на новиот коронавирус

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Семејствата на тројца починати работници во фабриката за преработка на месо во американската сојузна држава Ајова, кои починаа од Ковиод-19 ја тужат „Тајсон фудс“ и членови на нејзиното раководство, наведувајќи оти компанијата ги ризикувала животите на работниците иако знаеле дека станала жариште на новиот коронавирус.

Во  тужбата се наведува дека раководството знаело дека вирусот се шири низ фабриката кон крајот на март или почетокот на април, но криела информации од вработените и јавноста. Исто така во тужбата се наведува дека компанијата не применила безбедносни мерки.

Илјадници вработени во фабриките за преработка на месо во САД се инфицирани со новиот коронавирус, а десетици починаа.

До сега се тужени неколку фабрики, но против „Тајсон фуд“ првпат е поднесена групна тужба. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close