СветСвет.Портал

САД подготвени на флексибилност, но бараат и Северна Кореја да се ангажира

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг мора да се ангажира и да избегнува провокации, изјави американската амбасадорка во ОН Кели Крафт.

Њујорк, 12 декември 2019 (МИА) – САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг мора да се ангажира и да избегнува провокации, изјави американската амбасадорка во ОН Кели Крафт.

– Ние не баравме од Северна Кореја да направи се пред ние да направиме да нешто, рече таа на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја.

Таа додаде дека САД се подготвени да бидат флексибилни, но тие не можат сами да го решат овој проблем и оти Северна Кореја мора да се ангажира во тој процес.

Крафт исто така рече дека Советот за безбедност мора да биде подготвен да одговори на какви било провокации од страна на таа земја.

Советот за безбедност се состана на барање на САД во време кога расте меѓународната загриженост дека Пјонгјанг,поради застојот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД , би можел да продолжи со нуклеарни и проби на ракети со долг дострел кои беа прекинати од 2017 година. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close