Некатегоризирано

САД нудат награда од два милиона долари за фаќање на двајца украински хакери

САД денеска соопштија дека ќе дадат награда од два милиона долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на двајца Украинци обвинети за продажба на хакирани информации од надзорното тело на американската берза.

Вашингтон, 22 јули 2020 (МИА) – САД денеска соопштија дека ќе дадат награда од два милиона долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на двајца Украинци обвинети за продажба на хакирани информации од надзорното тело на американската берза.

Аритом Вјачеславич Радченко и Олександр Виталиевич Jеменко се обвинети дека во јануари 2019 година во американската сојузна држава Њу Џерси украле илјадници документи од компјутерите на Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ), вклучувајќи ги кварталните и годишните резултати на компаниите.

Според американското Министерство за правда, двајцата хакери информациите ги продале пред тие да бидат објавени во јавноста.

„Кибер криминалците не ги почитуваат законите на ниту една земја“, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Стејт департментот нуди награда од по милион долари за секој хакер, како дел од својата програма против транснационалните криминални организации.

Тајната служба, која е надлежна за лична заштита и дава половина од сумата, за првпат нуди награда за странски државјани обвинети во САД. сд/

Back to top button
Close
Close