СветСвет.Портал

САД: Нова жртва од Ковид-19 во Сиетл, нови заболени во Њујорк и Лос Анџелес

Во Сиетл, почина уште еден човек од новиот коронавирус, со што бројот на жртви достигна 10, додека нови случаи се пријавени во два од најголемите градови во САД - во Њујорк и во Лос Анџелес.

Сиетл, 5 март 2020 (МИА) – Во Сиетл, почина уште еден човек од новиот коронавирус, со што бројот на жртви достигна 10, додека нови случаи се пријавени во два од најголемите градови во САД –  во Њујорк и  во Лос Анџелес.

Медицински службеници исто така ја пријавиле и првата смрт од Ковид-19 во Калифорнија,  постар човек кој бил регистриран како втор заболен во таа американска држава.

Бројот на заболени во подрачјето на Сиетл се искачи на 39, вклучувајќи и 10 смртни случаи, најмногу во САД. зш/

Back to top button
Close
Close