Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД: Нема да толерираме МКС неправедно да гони Американци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да толерира Меѓународниот кривичен суд (МКС) неправедно и нелегитимно да ги гони Американците, соопшти вечерва Советот за национална безбедност на САД во врска со санкциите наметнати врз службениците на судот во Хаг.

Вашингтон, 3 септември 2020 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да толерира Меѓународниот кривичен суд (МКС) неправедно и нелегитимно да ги гони Американците, соопшти вечерва Советот за национална безбедност на САД во врска со санкциите наметнати врз службениците на судот во Хаг.

„Со вчерашните санкции до претставниците на Меѓународниот кривичен суд Фатуи Бенсуди и Факишу Мокочокоу се испраќа јасна порака: администрацијата на Трамп нема да толерира Меѓународниот кривичен суд неправедно и нелегитимно да ги гони Американците “, соопшти Советот на Твитер. сд/

Back to top button
Close
Close