Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД: Нема да се оддржат избори за претседателски кандидат на демократите во Охајо

Здравствените власти во американската сојузна држава Охајо им наредија на избирачките одбори, подготвени за изборите за претседателски кандидат на Демократската партија, да останат затворени, откако гувернерот Мајк Девајн прогласи вонредна состојба во државата заради коронавирусот, пренесоа француските медиуми.

Вашингтон, 17 март 2020 (МИА) – Здравствените власти во американската сојузна држава Охајо им наредија на избирачките одбори, подготвени за изборите за претседателски кандидат на Демократската партија, да останат затворени, откако гувернерот Мајк Девајн прогласи вонредна состојба во државата заради коронавирусот, пренесоа француските медиуми.

„Избирачките места денеска ќе бидат затворени, државниот секретар Франк Ла Роуз ќе бара начини преку судот да ги прошири опциите за секој гласач демократ да добие можност да гласа“, напиша гувернерот Девајн на Твитер.

Девајн дополни дека оддржувањето на избори, во кои учествуваат последните двајца кандидати на демократите Џо Бајден и Барни Сандерс, под сегашните услови „луѓето кои работат на изборите и гласачите ќе ги доведат до неприфатлив ризик за нивното здравје“. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close