БалканБалкан.Портал

САД: Мапата на грчкиот континентален појас нема правно значење

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Турција соопшти дека мапата од Севилја, за наводниот грчки континентален појас во источниот дел на Средоземното море, нема правно значење.

Анкара, 22 септември 2020 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Турција соопшти дека мапата од Севилја, за наводниот грчки континентален појас во источниот дел на Средоземното море, нема правно значење.

– САД сметаат дека мапата од Севилја има правно значење, соопшти американската Амбасада во Анкара.

– Ние исто така разбираме дека Европската унија не ја смета мапата од Севилја за правно обврзувачки документ, се додава во соопштението.

Исто така, се наведува дека во контекст на глобалната политика, САД не заземаат позиции за споровите околу поморските граници на другите земји. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close