Дописници СветСветСвет.Портал

САД испратија сочувство до семејствата на загинатите во падот на украинскиот авион

САД изразуваат длабоко сочуство до семејствата и пријателите на 176-те загинати, патници и членови на екипажот на патничкиот авион на „Meѓународни авиолинии на Украина“ лет 752, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Вашингтон, 8 јануари 2019 (МИА) САД изразуваат длабоко сочуство до семејствата и пријателите на 176-те загинати, патници и членови на екипажот на патничкиот авион на „Meѓународни авиолинии на Украина“ лет 752, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Украинскиот патнички Боинг 737 изутринава веднаш по полетувањето се урна во близина на аеродромот во Техеран при што загинаа сите 176 луѓе.

-САД ќе продолжат со блиско следење на инцидентот и се подготвени да понудат на Украина секаква можна помош, се вели во соопштението.

Вашингтон исто така повикува на целосна соработка со истражните органи за да се дознае причината за несереќата. кб/

Back to top button
Close
Close