СветСвет.Портал

САД и Иран разменија затвореници

Техеран и Вашингтон денеска разменија затвореници, при што на американски лекар со иранско потекло му беше дозволено да отпатува за САД, додека на воен ветеран на морнарицата на САД му беше дозволено да го напушти Иран

Вашингтон, 8 јуни 2020 (МИА) – Техеран и Вашингтон денеска разменија затвореници, при што на американски лекар со иранско потекло му беше дозволено да отпатува за САД, додека на воен ветеран на морнарицата на САД му беше дозволено да го напушти Иран.

Лекарот Маџид Тахери во затвор во САД помина 16 месеци поради наводно кршење на американските санкции конј Иран. Тој е ослободен минатата недела, кога Иран го ослободи воениот ветеран Мајкл Вајт, кој беше осуден на 13 години затвор поради навреди на иранскиот врховен лидер и објавување на приватни информации. Вајт тврди и дека за време на престојот во Иран е инфициран со новиот коронавирус.

Иран и САД во декември минатата година разменија двајца затвореници, а минатата недела еден ирански научник се врати во Техеран откако во ноември беше ослободен од обвинението што против него го подигнаа американските федерални органи. Тој во април беше позитивен на Ковид-19, а американските власти соопштија дека ќе биде депортиран откако ќе му биде укажана медицинска нега. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close