Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови

САД и Индија се договорија за постепено обновување на меѓусебните патнички летови, соопшти синоќа американското Министерство за транспорт.

Вашингтон, 18 јули 2020 (МИА) – САД и Индија се договорија за постепено обновување на меѓусебните патнички летови, соопшти синоќа американското Министерство за транспорт.

Министерството претходно ги критикуваше властите на Индија за несоодветен пристап кон чартер летовите, но со постигнатиот договор наредбата ќе биде повлечена и авиокомпанијата „Ер Индија“ ќе може да лета меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Претходно, американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ ги обнови летовите до Кина, а беше обновен и авиопревозот Шангај-Сан Франциско. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close