0_Web_Избор на уредникот

По убиството на ирански генерал при американски напад кај Багдад, САД ги повикаа своите граѓани итно да го напуштат Ирак

Американската Амбасада во Багдад ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак. Објавата на Амбасадата е по денешниот напад на американски сили врз аеродромот во Багдад во кој загина и ирански генерал.

Багдад, 3 јануари 2020 (МИА) – Американската Амбасада во Багдад ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак. Објавата на Амбасадата е по денешниот напад на американски сили врз аеродромот во Багдад во кој загина и ирански генерал.

Ирачката државна телевизија претходно објави иранскиот генерал Касем Солејмани, шеф на Иранската револуционерна гарда и архитект на регионалниот безбедносен апарат, е убиен во бомбашки напад на аеродромот во Багдад.

Пентагон потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил ликвидација на иранскиот генерал Касем Солејмани.

„Американската армија презеде решителни одбранбени мерки по наредба на претрседателот за да го заштити американскиот персонал во странство со ликвидација на Касам Солејмани“, соопшти Министерството за одбрана на САД.

Државната телевизија тврди дека е убиен генералот Солејмани, како и Абу Мехди ал-Моухандис, заменик командант. Смртта на двајцата ја потврдија неколку одговорни лица од безбедносните служби.

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи му оддаде почит на генералот нарекувајќи го „маченик“ и вети дека „жесток одговор ги чека злосторниците“.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф убиството го нарече „чин на меѓународен тероризам“.

Три ракети „каќуша“ паднаа врз меѓународниот аеродром во Багдад ноќеска. Шиитските Народни сили за мобилизација објавија дека нивниот директор за комуникации загинал во „кукавичко америкнско бомбардирање“.

Во меѓувреме, ирачкиот премиер Aдил Абдул Махди го осуди нападот оквалификувајќи го како „агресија“.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран и „слободните земји од регионот“ ќе им се одмаздат на САД за смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

– Нема никаков сомнеж дека големата земја Иран и другите слободни земји од регионот ќе и се одмаздат на криминалната Америка за ова ужасно убиство, рече Рохани во соопштение објавено на сајтот на владата.

„Маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми  одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам и да ги заштитува нашите исламски вредности“, уверува иранскиот претседател, цитиран од државната телевизија. сд/зш/

Back to top button
Close
Close