СветСвет.Портал

САД, Франција и Британија сакаат итна седница на СБ на ОН за Сирија

САД, Франција и Велика Британија повикаа на итна расправа во Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија.

Њујорк, 5 февруари 2020 (МИА) – САД, Франција и Велика Британија повикаа на итна расправа во Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија.

„САД, Франција и Велика Британија побараа состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија со учество на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Гејр Педерсен и претставници на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи“, изјави извор.

Според првичните информации, состанокот би можел да се одржи в четврток. Претходно, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на итно прекинување на непријателствата во северозападна Сирија. зш/

Back to top button
Close
Close