Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД формираат специјална група за борба против кибер измами

Американската тајна служба соопшти дека формира посебна специјална група за борба против кибер измами која ќе има 160 канцеларии во САД и низ целиот свет.

Вашингтон, 10 јули 2020 (МИА) – Американската тајна служба соопшти дека формира посебна специјална група за борба против кибер измами која ќе има 160 канцеларии во САД и низ целиот свет.

– Со доближувањето на кибер -просторот и традиционалниот финансиски криминал, американските тајни служби официјално ги спојуваат специјалната група за борба против електронски криминал и специјалната група за борба против финансиски криминал, во една мрежа наречена Специјална група за борба против кибер измами, се вели во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека работата за откривање и спречување финансиски криминал во кибер-просторот, спроведена од март годинава, довела до големи и важни резултати.

Поточно, стопирани се стотици измамнички шеми поврзани со Ковид-19, како што е нелегална онлајн продажба на украдени тестови за коронавирусот, како и успешно спротивставување на меѓународните измамници што ги напаѓаат програмите на американската влада за борба против невработеноста. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close