Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД ќе распореди уште 500 војници на границата со Мексико пради Ковид-19

Пентагон ќе испрати дополнителни 500 војници на американско-мексиканската граница , кои треба да помогнат во справувањето со ширењето на новиот коронавирус

Вашингтон, 1 април 2020 (МИА) – Пентагон ќе испрати дополнителни 500 војници на американско-мексиканската граница , кои треба да помогнат во справувањето со ширењето на новиот коронавирус.

На американско-мексиканскта граница веќе се распоредени просечно по 5.000 војници, како поддршка на граничните патроли.

Распоредувањето на дополнителни војници на американско-мексиканскатра граница уследи откако администрацијата на претседателот Доналд Транп се откажа од испраќање трупи на границата со Канада.

САД на 20 март ја затворија северната и јужната граница  за туристички и рекреативни патувања со цел да го ограничат ширењето на Ковид-19.

Во САД вчера првпат се регистрирани речиси 700 нови смртни случаи во еден ден. Вкупно во САД од последици од Ковид-19 починаа над 3.700 луѓе, а има повеќе од 182.000 заразени лица. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close