Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД ќе издвојува 738 милијарди долари за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го потпише законот за одбрана, кој предвидува 738 милијарди долари наменети за сè, од семеен одмор на војниците до борбени авиони. 

Вашингтон, 12 декември 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го потпише законот за одбрана, кој предвидува 738 милијарди долари наменети за сè, од семеен одмор на војниците до борбени авиони.

„Вауу, сите наши приоритети влегоа во НДДА: зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата војска, гранична безбедност и вселенски сили“, напиша Трамп на Твитер и му порача на Конгресот веќе да не го одложува законот кој тој веднаш ќе го потпише.

Законот за одбрана, познат како НДДА, за да стапи во сила треба да биде одобрен од обата дома на Конгресот. Демократите најавија дека ќе гласаат против. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close