Дописници СветСветСвет.Портал

САД даваат поддршка за народот на Венецуела во клучната 2020 година

Политичката криза во Венецуела предизвика одлив на повеќе од 4.8 милиони луѓе од земјата, колапс на некогаш успешното образование, економија, индустрија и здравство во земјата, и погазување на човековите права и основните слободи, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.

Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) – Политичката криза во Венецуела предизвика одлив на повеќе од 4.8 милиони луѓе од земјата, колапс на некогаш успешното образование, економија, индустрија и здравство во земјата, и погазување на човековите права и основните слободи, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.

Затоа САД, како што се додава во соопштението, даваат поддршка за народот на Венецуела во клучната 2020 година.

– При крајот на годината закажани се претседателски и парламентарни избори значајни за иднината на земјата во годините што следуваат, за повторна изградба на институциите и инфраструктурата разорени од бруталниот режим, се наведува во сооштението.

како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се укажува и дека во 2020 година се отвораат големи можности венецуелскиот народ да го добие она што одамна го бара – слободни и фер претседателски и парламентарни избори за избор на лидерство на земјата и да започне долг процес на обнова.

САД истакнуваат дека меѓународната заедница игра главна улога во поддршката на народот во Венецуела.

Низата мерки истакнати и од Стејт департментот и од други важни актери како ЕУ, за креирање нова и независна Изборна комисија и нов и независен Врховен суд, „се во согласност со Уставот на земјата и само овие дејства можат да ја завршат кризата во Венецуела“.

– Секој друг процес надвор од овие рамки ги искривува мерките и нема да се смета за легитимен и веродостоен, се вели во соопштението на Помпео. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close