Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД, анкета: Длабока поделеност во довербата во одредени медиуми меѓу републиканските и демократските гласачи

Анкетата на истражувачкиот центар „Пју“ покажа дека расте поларизацијата кај Американците според нивните ставови, при што демократите и републиканците веруваат во „две речиси инверзни средини за медиуми“.

Њујорк, 24 јануари 2020 (МИА) – Голема поделба постои во довербата во американските медиуми и таа се прошири во изминатите години, во пресрет на нападите врз американскиот претседател Доналд Трамп, покажаа денеска објавени резултати од анкета.

Анкетата на истражувачкиот центар „Пју“ покажа дека расте поларизацијата кај Американците според нивните ставови, при што демократите и републиканците веруваат во „две речиси инверзни средини за медиуми“.

„Доказите сугерираат дека поларизацијата во користењето и довербата во медиумските извори се прошири во изминатите пет години“, велат истражувачите на Пју.

Тие додаваат дека републиканците „се повеќе се отуѓуваат од повеќето утврдени извори, додека довербата на демократите во нив останува стабилна, а во некои случаи и се зајакнува“.

Резултатите потврдуваат дека расте поделеноста меѓу Американците во нивните гледишта за медиумите по повторените критики од претседателот, кој нарече некои медиумми како -„непријател на народот“.

Најголемата ерозија во довербата се случи во весниците кои беа потенцирани од Трамп.

За Си-Ен-Ен, недовербата кај републиканците е зголемена од 33 проценти во 2014 година на 58 проценти; недовербата кон „Вашингтон пост“ се зголеми од 22 на 39 проценти и за Њујорк Тајмс од 29 на 42 проценти.

Додека повеќе од две третини од републиканците му веруваат на омилениот од Трамп „Фокс њуз“, спротивното е точно за демократите – 61 процент од нив не му веруваат на кабелскиот ТВ канал контролиран од семејството Мардок.

Од 30-те медиуми од истражувањето, мнозинството демократи во најголем дел им верувале на 22, додека републиканците немаат доверба во 20 медиуми.

Мнозинството демократи изразија доверба не само во Си-Ен-Ен, туку и во другите ТВ мрежи: Еј-би-си, Ен-Би-Си, КБС и ПБС, додека помалку од половина од републиканците имаат доверба во една од тие.

За Њујорк Тајмс се забележува поостра разлика – му веруваат 53 отсто од демократите и Вашингтон пост (47 отсто), со доверба повеќе од три пати поголема отколку кај републиканците. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close