Дописници СветСвет

САД ја осудија Кина за однесувањето околу граничен спор со Индија

Конгресот на САД и Администрацијата го осудија однесувањето на Кина кон Индија во однос на спорната граница на Хималаите.

Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) – Конгресот на САД и Администрацијата го осудија однесувањето на Кина кон Индија во однос на спорната граница на Хималаите.

Илјадници кинески и индиски војници веќе неколку недели се распоредени на повеќе места во западниот дел на Хималаите, откако силите на Пекинг навлегле на индиска територија, судејќи според изјави на безбедносни служби на Индија и месни медиуми.

Критички пораки околу ова испратија државниот секретар Мајк Помпео и конгресменот Елиот Енгл.

На настан организиран од Американскиот институт за претприемаштво, Помпео изјави дека притисокот на кинеската војска околу линијата на контрола напоменува на однесувањето на Пекинг во ситуацијата со коронавирусот во Јужно-Кинеско Море и Хонг Конг

-Такви дејства спроведуваат диктаторските режими, изјави Помпео.

Кина негира дека силите на земјата ја преминале границата, таканаречената Линија на фактичка контрола, и настојува дека во областа на реката Галван и езерото Пангонг-Цо во индискиот регион Ладках ситуацијата е стабилна.

Според индиски и меѓународни воени набљудувачи, една од можните причини за поведението на Кина е фактот што Индија гради автопат околу долината на Галван, за да се приближи во развојот со поразвиената патна мрежа на Кина, која пак е против секакви изградби во таа област, сметајќи ја за спорна територија.

-Премногу сме загрижени поради кинеската агресија на линијата на фактичка контрола, истакна денеска Помпео во соопштение за јавноста. Додаде дека Кина повторно покажува дека сака да ги заплаши своите соседи, а не да решава спорови во согласност со меѓународното право.

Според индиски официјални лица, околу линијата на разграничување двете страни довлекле артилерија и друга тешка воена механика. Индија пак започнала со изградба на полетна писта во областа на главната патна магистрала во соседен Кашмир. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close