Svet.SlajderСветСвет.Портал

САД ја намалуваат за една милијарда долари помошта за Авганистан

Американската администрација ја намалува помошта за Авганистан за оваа година за една милијарда и се закани за ново намалување на сите видови соработка, откако лидерите не успеаја да договорат формирање влада, најави Стејт департментот

Кабул, 24 март 2020 (МИА) – Американската администрација ја намалува помошта за Авганистан за оваа година за една милијарда и се закани за ново намалување на сите видови соработка, откако лидерите не успеаја да договорат формирање влада, најави Стејт департментот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, за врема на вчерашната ненајавена посета на Кабул разговараше со Ашриф Гани и Абдулах Абдулах. И едниот и другиот се прогласија себе си за победник на минатогодишните спорни избори.

Во необично острото соопштение, Помпео ги критикува двајцата лидери, кои не успеаја да соработуваат со што го загрозуваат мировниот договор со талибанците.

– САД длабоко жалат што авганистанскиот претседател Ашраф Гани и извршниот директор на владата Абдулах Абдулах го известија државниот секретар дека не успеале да се согласат за формирање на влада, која би можеле да се соочи со сите предизвици на управување, мир и безбедности и да обезбеди здравје и благосостојба на граѓаните на Авганистан, се наведува во соопштението.

Помпео исто така посочува дека е разочаран од нив двајцата и нивното однесување, кое според него, ги загрозува американско-авганистанските односи и „за жал ги посрамотува авганистанските, американските и коалициските партнери, кои ги жртвуваа животите во борба за изградба на нова иднина за таа земја“.

Тој оцени дека нивната неспособност за заедно да работат претставува директна закана за американските национални интереси и оти Вашингтон веднаш ќе почне да ги преиспитува сите програми за поддршка на Авганистан, почнувајќи од помошта за оваа година во висина од една милијарда долари, што би можело да се случи и следната година.

Американскиот државен секретар беше во посета на Кабул за да го покрене мировниот договор потпишан минатиот месец со талибанците, кој е во прекин поради политиччките несогласувања во Авганистан поради претседателските избори, што се одржаа во септември минатата година.

И претседателот Гани и неговиот опонент Абдулах се прогласија за претседател на Авганистан. Помпео имаше одвоени средби со нив со цел да се постигне компромис за излез од политичката криза. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close