0_Спорт.ПорталРакометСпорт.Слајдер

С. Македонија организатор на женско младинско Светско првенство во 2024 година

На претстојното Светско првенство во 2024, кое ќе се одржува во три града, односно во Скопје, Охрид и Струмица, учество ќе земат 32 земји учеснички.

Каиро, 28 февруари 2020 (МИА) – На денешниот состанок на извршниот комитет на ИХФ, кој се одржa во Каиро, Египет, членовите ја потврдија апликацијата за кандидатурата на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за организатор на женското младинско Светско првенство (до 20 години) во 2024 година.

На претстојното Светско првенство во 2024, кое ќе се одржува во три града, односно во Скопје, Охрид и Струмица, учество ќе земат 32 земји учеснички.

Оваа организација претставува 6-та организација на нашата земја на еден светски мундијалски собир во млади категории во машка и женска конкуренција.

Во изминатите години, Ракометната федерација на Македонија беше организатор на светски првенства во млади категории во 2019, 2014, 2008, 2007 и 2003 година.

Таг
Back to top button
Close
Close