0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

С. Македонија го заврши настапот на Европското ракометно првенство

Најдобар стрелец во нашиот состав беше Стоилов со пет гола, додека кај Австрија Билик даде шест гола.

Виена, 14 јануари 2020 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од 32-28 (18-12) од домаќинот Австрија во „Штадхале“ арена во 3. коло од Европското првенство и со тоа го заврши настапот на континенталното натпреварување.

Австријците одиграа солиден натпревар и ја казнуваа секоја грешка на тимот на Данило Брестовац. Бевме воигра до 13-тата минута кога губевме со 7-6, по што следеше серија од Австрија како и одлични одбрани на домашниот голман Томас Ајхбергер, па такана полувремето заминавме со -6 (18-12).

Лошата игра продолжи во вториот дел, а по неколкуте грешки и реализирани контри од Австријците, веќе на семафорот стоеше 24-13 – разлика која до крајот успеавме само да ја намалиме. Двајцата селектори во последните минути им дадоа шанса на оние со помала минутажа, па поразот и неизгледа толку голем на крајот – 32-28.

Најдобар стрелец во нашиот состав беше Стоилов со пет гола, додека кај Австрија Билик даде шест гола.

Таг
Back to top button
Close
Close