Дописници МКДОпштински вести

Рустеми: Наскоро постапка за изградба на патот Гарски мост-Извор

Првиот човек на државни патишта, Ејуп Ристеми најави дека наскоро ќе се започне постапката за изградба на патот што ги поврзува Кичево и Дебар. Најавата ја даде по посетата на мавроскиот регион каде во моментов се врши рехабилитација на регионалниот пат.

Маврови Анови, 29 април 2021 (МИА) – Првиот човек на државни патишта, Ејуп Ристеми најави дека наскоро ќе се започне постапката за изградба на патот што ги поврзува Кичево и Дебар. Најавата ја даде по посетата на мавроскиот регион каде во моментов се врши рехабилитација на регионалниот пат.

– Многу брзо ќе следува постапка за изградба на  регионален пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски Мост. Со изградбата на овој пат во значителна мера ќе се скрати времето на патување помеѓу Кичево и Дебар, како и во Југозападниот плански регион на Република Северна Македонија, рече Рустеми.

Целта на проектот е да се добие оптимално решение со што ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот во овој дел од земјата. Според првиот човек на државни патишта, тоа во иднина ќе значи безбедно, побрзо и непречено одвивање на сообраќајот помеѓу реканскиот крај и кичевско кај селото Извор. згм/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close