Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Руските медиуми разочарани од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Повеќето руски медиуми изразија изненадување од одлуката на Србија за купување на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, а во придружните коментари, постои и разочарување што не е нарачано руското оружје С-300

Белград, 10 август 2020 (МИА) – Повеќето руски медиуми изразија изненадување од одлуката на Србија за купување на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, а во придружните коментари, постои и разочарување што не е нарачано руското оружје С-300.

Како што се наведува во неколку текстови, руските автори ги информираат читателите дека Србија се определила за ФК-3 „наместо рускиот С-300“, поставувајќи го сето тоа како да е веќе договорена зделка, а не како последица на интензивното пишување на некои српски медиуми, анализира порталот Балканска безбедносна мрежа.

– На неколку места постои став за изневерени очекувања и оценки дека Србија се поставила како поделена личност, затоа што во исто време негува пријателство со Русија, се стреми да се придружи на Западот, а купува оружје од Кина, наведува порталот Балканска безбедносна мрежа.

Веб-страниците како „Лента.ру“ и „АЕКС.ру“ наведуваат дека Србија „и покрај желбата на мнозинство од населението“ наместо С-300 го купила кинескиот ракетен систем, иако според неименувани и неофицијални воено-дипломатски извори од Москва, имало преговори за набавка на системот С-300 ПМУ-2 следната година.

Руската „Газета.ру“ потсетува дека Србија по набавка на артилерискиот ракетен систем „Панцир С-1Е“ во медиумите изразувала интерес за набавка на С-400, а порталот известува и за детали во кои српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали ќе дојде до набавката, кажал дека „нема пари за такво нешто“ и дека Србија ќе „штеди“.

Весникот го цитира и директорот на Центарот за стратегиска анализа, Руслан Пухов, кој верува дека Србија добила многу поволни финансиски услови од Кина за набавка на ФК-3, веројатно во форма на безкаматен кредит, затоа што на Кина и е важно воената опрема да ја пласира на пазарот на „реномирани земји“ од европскиот континент.

Гласот на Америка на руски јазик со неутрален тон известува за аквизицијата и потсетува дека таа претставува продолжение на воената соработка со Кина започната за време на набавката на беспилотните летала CH-92, иако Србија традиционално се потпирала на Русија, набавувајќи од таа земја авиони, тенкови и оклопни транспортери.

Руската новинска агенција „Спутник“, во текстот на српски јазик, инсистира на тоа дека кинескиот ФК-3 има „потекло“ од рускиот С-300, кој таа земја го купила во 90-тите години и ги цитира претставниците на српската експертска јавност, дека купувањето оружје секогаш е и политичкото прашање, поради што Србија мора да балансира и да избегне американски санкции. об/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close