ЕвропаЕвропа.Портал

Рускиот Уставен суд му овозможи на Путин да владее уште два мандати

Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.

Москва, 16 март 2020 (МИА) – Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.

Одобрувањето на Судот дојде само два дена откако Путин го потпиша Законот.

Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничување на мандатот, но новата мерка ќе го „ресетира“ бројот на мандати, дозволувајќи му да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Путин е на власт во Русија од 2000 година. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close