0_Web_Насловна-слајдерSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Рускиот опозиционер Алексеј Навални отруен во авион

Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш,  јави Би-Би-Си.

Омск, 20 август 2020 (МИА) – Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш,  јави Би-Би-Си.

Јармиш на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно  да слета во Омск.

Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот,  а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин.  Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како  „пуч“ и „кршење на уставот“.  Реформите на Путин му овозможија да добние  уште два мандата. сд/

Back to top button
Close
Close