ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Рускиот министер за градежништво заразен со Ковид-19

Рускиот министер за градежништво Владимир Јакушев е заразен со новиот коронавирус, соопшти ресорното Министерство.

Москва, 2 мај 2020 (МИА) – Рускиот министер за градежништво Владимир Јакушев е заразен со новиот коронавирус, соопшти ресорното Министерство.

Јакушев, како што се наведува во соопштението, изјавил дека ќе замине на лекување во градската болница.

– Ќе се лекувам в болица во Москва. Ќе бидеме во контакт, истакнал Јакушев.

Рускиот премиер Михаил Мишустин во четвртокот објави дека е позитивен на новиот коронавирус.

Досега во Русија има потврдено 114.431 заразено лице со коронавирус и 1.169 смртни случаи. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close