Дописници МКДОпштински вести

Рускиот амбасадор во посета на Крива Паланка

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Бездникин денеска беше во посета на општина Крива Паланка и се сретна со градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски. 

Крива Паланка, 14 јануари 2020 (МИА) – Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Бездникин денеска беше во посета на општина Крива Паланка и се сретна со градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски.

Мицевски и Баздникин разговарале за перспективите за соработка и ги разгледале можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.

Како што соопштија од Општината, амбасадорот Баздникин на средбата истакна дека постојат отворени и реални можности за соработка со општина Крива Паланка и дека тој како амбасадор на Руската Федерација ќе ги вложи сите свои капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите.

-Како приоритет во заедничките интереси беа издвоени потенцијалите на економската соработка, особено во делот на енергетиката и процесот на гасификација, сообраќајната инфраструктура, како и потенцијалите за развој на зимскиот туризам во Крива Паланка, искористувајќи ги природните потенцијали на ова поднебје, како и имплементација на модерните технологии за автоматизација и дигитализација на услугите за граѓаните, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка. ид/ев/

Back to top button
Close
Close