БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Руски инвеститори сакаат да ја купат “Адрија“,  ветуваат 200 нови патнички авиони Сухои

Група руски инвеститори се заинтересирани да ја купат лиценцата и брендот на пропаднатиот словенечки авиопревозник „Адрија“, јави описникот на МИА од Љубљана

Љубљана, 17 јануари 2020 (МИА) – Група руски инвеститори се заинтересирани да ја купат лиценцата и брендот на пропаднатиот словенечки авиопревозник „Адрија“, јави описникот на МИА од Љубљана.

Според претставникот на инвеститорите Олег Евдокимов целта е на европскиот пазар да се донесат 200 нови руски патнички авиони „Сухои“ патнички авиони, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На само шест дена од закажаната аукција за продажна на имотот и лиценцата на авиокомпанијата, начелен интерес пројавија повеќе субјекти меѓу кои и руските инвеститори, кој кажаа дека тие сакаат да настапат на европскиот пазар здружени со партнери од Обединетите Арапски Емирати. Тие се свесни дека според европските правила, авиокомпаниите во ЕУ морат да имаат во мнозинство европски сопственици, па затоа сега бараат партнер, бидејќи според нив, влезот во Словенија ќе им го отвори патот и до други европски аеродроми. ав/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close