ЕвропаЕвропа.Портал

Руската Влада ќе одржи седница „од далечина“

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ

Москва, 1 април 2020 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден откако беше потврдено дека лекарот, кој минатата недела се сретна со Путин, е позитивен на новиот коронавирус.

Путин минатата недела посети болница во Москва, каде се згрижени пациентите со Ковид-19 и се ракуваше со директорот на болницата Денис Прошенко, кој сега е во самоизолација во својата канцеларија.

Кремљ додаде дека здраствената состојба на Путин е добра, оти тој држи дистанца од другите луѓе и ќе работи од далечина.

Во Русија досега се регистирани 2.777 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 24 починаа, а 190 оздравеле. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close