0_Магазин.ПорталЗанимливости

Русинка си го уби мажот по кавга околу ручекот

Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот и ја удрил во лицето.

Архангелск, 4 февруари 2020 (МИА) – Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујната… Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.

Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.

Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.

Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор. си/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close