ЕвропаЕвропа.Портал

Русија забрани влез на државјани на Иран во земјата

Русија одлучи од денеска привремено да забрани влез на ирански граѓани во земјата поради новиот коронавирус.

Москва, 28 февруари 2020 (МИА) – Русија одлучи од денеска привремено да забрани влез на ирански граѓани во земјата поради новиот коронавирус.

Одлуката е донесена со цел да се осигура безбедноста, јавното здравје и да спречи ширењето на коронавируси во Русија, пренесува ТАСС.

На иранските државјани им е забрането преминување на руската граница и влегување во територијата на земјата, без оглед дали се во транзит или подолг престој во земјата.

Во Иран се пријавени 245 случаи на заразени и 26 смртни случаи од Ковид-19. ссм/

 

Back to top button
Close
Close