ЕвропаЕвропа.Портал

Русија покани војници од 19 земји на парадата на победата на Црвениот плоштад

Русија покани војници од 19 земји да учествуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Москва, 2 јуни 2020 (МИА) – Русија покани војници од 19 земји да учествуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој на прес-конференција истакна дека на парадите низ Русија, кои ќе се одржат на 24 јуни, ќе учествуваат 64 илјади луѓе, а само на манифестацијата на Црвениот плоштад ќе бидат 14.000 лица.

Шојгу додаде дека на парадата во Москва ќе бидат презентирани 225 единици оружје, воена и специјална опрема, а ќе учествуваат и 75 авиони.

– Посетителите ќе можат да видат над 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите СУ-57 и МиГ-31К, нагласи Шојгу.

На парадите на победата во девет руски градови херои и 19 градови во кои се распоредени штабови на воените окрузи и флоти ќе бидат прикажани вкупно 1.850 единици опрема, а ќе летаат 511 авиони. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close