ЕвропаЕвропа.Портал

Русија: Пет лица се излекуваа од коронавирусот

Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва.

Москва, 17 март 2020 (МИА) – Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва.

Меѓу излекуваните се двајца кинески државјани, двајца Руси и еден Италијанец.

Според извештајот на работната група задолжена за борба против Ковид-19, во Русија се регистрирани 93 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат лесни симптоми на болеста, а досега се тестирани повеќе од 116.000 луѓе. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close