ЕвропаЕвропа.Портал

Русија негира дека на САД им предлагала соработка на развој на вакцина против Ковид-19

Министерството за здравство на Русија негираше дека им предложиле на американските власти да соработуваат во развојот на вакцината против коронавирусот, изјави денеска помошник-министерот за здравство Алексеј Кузњецов.

Москва, 14 август 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Русија негираше дека им предложиле на американските власти да соработуваат во развојот на вакцината против коронавирусот, изјави денеска помошник-министерот за здравство Алексеј Кузњецов.

– Руското Министерство за здравство не се обрати до американската страна со ниту еден официјален предлог во врска со вакцината, рече Кузњецов во изјава за ТАСС.

Си-ен-ен претходно објави дека руските власти му понудиле на Вашингтон таква соработка и дека тие биле одбиени. ссм/

 

Back to top button
Close
Close