БалканДописници Свет

Русија најавата на Курти за укинување на таксите кон Србија ја оцени како „обид за уцена“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека најавата на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на таксите за српските стоки е „чист обид за уцена“.

Белград, 29 февруари 2020 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека најавата на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на таксите за српските стоки е „чист обид за уцена“.

Таа кажа дека косовските лидери долго време манипулираат со таксите во обид да добијат признание за Косовската државност од страна на Белград, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН.

-И покрај навидум добронамерните иницијативи на Курти, воопшто не станува збор за „чекор напред“ кој ќе послужи за деблокирање на процесот на дијалог, туку станува збор за отворен обид за уцена и девалвирање на истиот, смета Захарова.

Таа оцени и дека Приштина не е способна да изнајде решение кое ќе биде во интерес на обете страни. об/

Back to top button
Close
Close