ЕвропаЕвропа.Портал

Русија испитува под кои околности Украина го задржа танкерот

Москва ги испитува околностите под кои Украина одлучи да задржи руски танкер и предупреди дека ќе има последици ако некој од екипажот бил земен за заложник

Москва, 25 јули 2019 (МИА) – Москва ги испитува околностите под кои Украина одлучи да задржи руски танкер и предупреди дека ќе има последици ако некој од екипажот бил земен за заложник.

– Ги проучуваме деталите за тоа што се случило со цел да преземеме соодветни мерки, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава и дека „ако Руси се земени како заложници, тогаш тоа ќе се квалификува како насилно кршење на меѓународното право и за брзо време ќе следат последици”.

Претходно, Украинскaтa безбедносна служба соопшти дека го запленила рускиот танкер „Нејма“ во украинското пристаниште Измаил. Службата тврди дека танкерот бил вмешан во минатогодишниот инцидент во Керченскиот Теснец.

Во ноември 2018 година руската воена морнарица задржаа 24 украински морнари и три бродови под обвинение дека незаконски навлегле во руските територијални води, а Киев негираше.

Според Украинската безбедносна служба тогаш танкерот „Нејма“ кој пловел под руско знаме го блокирал преминувањето на украински воени бродови низ Керченски Теснец. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close