ЕвропаЕвропа.Портал

Русија и Турција ќе договараат нови С-400

Русија и Турција најверојатно ќе потпишат договор пред 2020 година за доставување дополнителни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Димитриј Шугаев.

Москва, 6 декември 2019 (МИА) –  Русија и Турција најверојатно ќе потпишат договор пред 2020 година за доставување дополнителни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев.

– Ние работиме системски на ова прашање. Најважно е што двете страни имаат желба за соработка во таа област, изјави Шугаев за руските медиумите.

Претходно, можноста Анкара да купи нови противвоздушни системи ја потврди рускиот вицепремиер Јури Борисов и директорот на „Рособоронекспорт“, Александар Михеев.

Турција досега купи четири системи С-400. „Рособоронекспорт“ на 23 октомври објави дека Русија ги исполнила условите од договорот пред предвиденото време, доставувајќи ги сите елементи од С-400 системот, вклучувајќи ги и ракетите. ки/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close